Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Соборен светскиот брзински рекорд
19.09.2007
ultimate-aero-ttТаа чест му припадна на американскиот SSC Ultimate Aero TT, кој стана најбрзиот автомобил на светот што се произведува во серија. Shelby Supercars конечно успеаја во својата намера.

Брзачов со 1.183 коњски сили го постави новиот брзински рекорд достигнувајќи просечна максимална брзина од 411,76 km/h, што е 5,01 km/h побрзо од неофицијалниот рекорд на Bugatti Veyron.

За достигнувањето да биде според правилата на Гинисовата книга на рекорди, возилото кое оди да го собори брзинскиот рекорд мора да вози по патеката, да се сврти и да ја мине уште еднаш во спротивен правец за време не подолго од еден час.

Максималната брзина на возилото се пресметува со вадење на просек од двете возења со цел да се воспостави рамнотежа во зависност од условите на патеката и временските услови како што е на пример поволен или неповолен правец на ветерот.

На затворен правец од автопат во државата Вашингтон во САД,  SSC Ultimate Aero TT постигна максимална брзина од 413,83 km/h во првото минување и 409,71 km/h во второто минување што дава просечна брзина од 411,76 km/h.

Доволно за да се сруши постоечкиот и постави нов светски брзински рекорд за сериски автомобили.

Брзината беше измерена со користење на повеќе сателити и сензори монтирани на автомобилот, кои ги постави независната компанија Dewetron која и го надгледуваше целиот настан.

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook