|
22.08.2011 |
|
Објавени се првите фотографии од отворената верзија на Ferrari 458 Italia која за да се разликува од својот брат со цврст кров ќе ја носи наставката Spider. Меѓутоа информацијата сеуште е неофицијална.

Заедно со фотографиите кусите детали околу отворениот 458 Italia доаѓа од изданието Cheers&Gears. Според нив автомобилот има цврст склоплив кров кој кога е отворен се собира во простор зад задните седишта.
Што се однесува до механиката таа останува иста. Моторот V8 од 4.5 литри испраќа кон задните тркала 570 КС при 9.000 врт/мин и има максимален вртежен момент од 540 Nm кои стојат на располагање при високи 6.000 врт/мин.
Перформансите најверојатно ќе се разликуваат од оние на купето, но во десети делови од секундата при забрзувањето и минирни неколку km/h при максималната брзина.
Секако од Маранело се оградуваат од информацијата и фотографии поденакво какп што тоа го направија минатата година кога се појавија компјутерски генерирани фотографии на дизајнерските зависници од jonsibal и dj teamspeed.
|