Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Sonata Hybrid пред останатите
08.04.2010

Така од Hyundai го најавуваат најсвежиот хибрид на светската автомобилска сцена кој ги менува правилата на игра меѓу хибридите благодарение на иновативниот пристап при неговото создавање.

hyundai-sonata-hybrid-2010-2

Она што е ново меѓу хибридните автомобили е паралелниот хибриден систем кој првпат беше претставен во еден SUV поточно во новата генерација на Volkswagen Touareg и неговиот брат близнак Porsche Cayenne на салонот во Женева.

Во Њујорк Hyundai пристигнува со најновото издание на новата генерација на Sonata која покрај хибридниот погон нуди и сосема различен дизајн во однос на верзијата со класичен погон.

Хибридниот систем во Sonata Hybrid го сочинуваат трите главни компоненти: Новиот бензинец на Hyundai од генерацијата Theta II, електричен мотор со моќност од 40 КС и литиум-полимер акумулаторски батерии.

Бензинецот има директно вбризгување на горивото, зафатнина од 2.4 литри и користи Аткинсон работен циклус кого Toyota веќе го користи кај бензинците во своите хибриди.

Моторот има оптимизиран систем за ладење за да се намали триењето на внатрешните компоненти, додека коленестото вратило посебно е наполнето со масло со низок коефициент на триење.

Четири цилиндарецот со варијабилно управување на двете брегасти вратила остварува 169 КС при 6.000 врт/мин и максимален вртежен момент од 211 Nm при 4.500 врт/мин.

hyundai-sonata-hybrid-2010-3

Снагата до предните тркала се пренесува преку шест степен автоматски менувач од најнова генерација кој инертниот хидродинамички претворувач на вртежниот момент го заменува со хидраулична пумпа задвижувана од електричен мотор.

На овој начин се избегнува дополнителното оптоварување на бензинецот, а возачот има пореално претстава при менување на степените. Помали се и загубите отколку кај CVT менувачите со континуиран преносен однос што ги користат останатите произведувачи за своите хибриди.

Воедно заради модуларната градба на менувачот инженерите на Hyundai едноставно ги замениле запчениците и ги продолжиле преносните односи на четвриот, петтиот и шестиот степен на пренос за да се обезбеди моторот да се врти на ниски вртежи при возење на автопат со повисока патна брзина.

Електромоторот покрај снагата од 40,2 КС испорачува и максимален вртежен момент од 205 Nm од 0 до 1.400 врт/мин. Доволно за Sonata Hybrid да може да се пофали со вкупна моќност од 209 КС и максимален вртежен момент од 265 Nm и просеќна потрошувачка од 6,2 L/100 km.

Интеракцијата меѓу бензинецот и електромоторот е остварена преку системот Hybrid Power Control кој автоматски го исклучува бензинецот кога автомобилот стои или кога се вози под мало оптоварување и електромоторот ја врши целта работа. Кога е потребна поголема снага системот Hybrid Sarter Generator го стартува моторот.

Во спрега со автоматскиот менувач овие два система овозможуваат откачување на спрегата електромотор-бензинец, принцип на работа на паралелниот хибриден систем, со што се овозможува поголема заштеда на гориво и поголема автономија при возење само во електричен модус на работа.

hyundai-sonata-hybrid-2010-4

Електромоторот и останатите системи во Sonata Hybrid како што е големиот потрошувач на електричан енергија клима уредот кој има електричен компресор се напојуваат од пакет на литиум-полимер акумулаторски батерии.

Sonata Hybrid е првиот автомобил со хибриден погон што ќе се произведува сериски и ќе носи литиум-полимер батерии. Главна одлика на овие батерии се малата тежина, компактност и висока ефикасност.

Ако се споредува со никел-метал-хидрид батериите литиум-полимер нудат 20 - 30% помала тежина, 40% помал волумен, 10% поголема ефикасност и го задржуваат полнењето за 1,25 пати подолго.

Воедно литиум-полимер батериите се многу поотпорни на температурни влијанија поради што имаа значително подолг работен век одколку никел-метал-хидрид батериите.

Од Hyundai наведуваат дека батериите со Sonata Hybrid ќе овозможат најмалку 10 години експлоатација без одржување во сите временски услови и ветуваат максимална брзина само на електричен погон од 100 km/h.

Сето ова им овозможило на инженерите на Hyundai да ги спакуваат батерите во предниот дел на багажникот не одземајќи многу простор за вообичаените потреби на едно просечно семејство.

Батериите имаат и посебен систем за разладување, а ги снабдува компанијата LG Chem истата која ги обезбедува батериите и за plug-in хибридот Chevrolet Volt и неговиот европски брат близнак Opel Ampera.

hyundai-sonata-hybrid-2010-5

Покрај напредниот хибриден систем кого во Hyundai го нарекуваат Hybrid Blue Drive, Sonata Hybrid профитира и од новиот дизајн наречен Флуидна Скулптура кој и носи намалување на коефициентот на отпор на воздух на вредност Cd 0,25. Колку за споредба обичната Sonata има Cd 0,28.

Добрата аеродинамика е постигната со аеродинамичките преден и заден браник, аеродинамичките прагови, воздушната брана поставена на средина од хексагоналниот отвор за воздух во предниот браник. Леснометалните бандажи исто така имаат посебен аеродинамичен дизајн.

Разликата во визуелниот идентитет со обичната Sonata покрај со аеродинамичките елементи е постигнат и со новите предни и задни светла, новите светла за магла, страничните ретровизори и ексклузивните т.н. хибридни бои. Внатре исто така се користат ексклузивни бои за ткаенините и кожата со која е преслечен ентериерот.

Hyundai планира да стартува со продажба на Sonata Hybrid на пазарите во Северна Америка кон крајот на годината, а подоцна во зависност од приликите се очекува да се појави и на останатите пазари.

Цената сеуште не е одредена, но би требало да биде на ниво на главните конкуренти на Северно американскиот пазар Toyota Camry Hybrid, Nissan Altima Hybrid, Ford Fusion Hybrid и Lexus HS250h за кои од Hyundai даваат и таблица за споредба.

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook