|
Од централата на BMW во Минхен соопштија дека после пет години сериско производство ставаат крај на кариерата на актуелната четврта по ред генерација на високо перформансниот седан М5.

Последната генерација која го носи кодното име на марката Е60 за првпат очите на светската јавност можеа да ја видат на салонот во Париз во 2004, додека продажбите стартуваа со почетокот на 2005.
Актуелниот BMW M5 се наоѓа пет години на пазарот што е една година помалку од неговиот претходник E39. Сепак, успеа да го надмине по продажба и него и сите претходни генерации што само по себе говорои за успехот на неговиот концепт.
Во фабриката на BMW во Динголфинг се произведени точно 20.458 примероци од М5 Е60 од кои 19.523 седани и 1.025 примероци од комби верзијата која беше претставена две години по стартот на производството на седанот.
Интересно е што најмногу примероци од М5 Е60 се продадени на пазарот во САД, дури 8.800 што е безмалку една половина од целата продукција на М5. Во матичната Германија се продадени само 1.647 примероци.
Љубителите на BMW во Велика Британија и Ирска покажале најголем интерес за М5 на европскот континент. На островите се продадени 1.776 примероци. Јапонија е четвртиот по големина пазар за М5 и таму се продадени 1.357 примероци.
Затоа Германија води по бројот на продадени комби верзии, односно BMW M5 Touring. Домашниот пазар проголтал 302 примероци или малку помалку од една третина од вкупната продукција.
Следат Велика Британија и Ирска каде се продадени 208 примероци од М5 Touring, а третиот по големина пазар за комби верзијата на М5 е Италија каде се испорачани 184 примероци.
Само за потсетување високо перформансниот седан М5 Е60 под хаубата пакува атмосферски бензинец V10 со зафатнина од 5.0 литри кој систискува 507 КС и спринтува до 100 km/h за 4,7 секунди, а комбито за 4,8 секунди.
BMW првата жешка петтка ја претстави во далечната 1984 на салонот во Амстердам и е првиот автомобил на светот кој понудил употребливост на лимузина со перформанси на спортски автомобил, бил произведува во поголема серија и бил најбрзиот седан на светот во тоа време.
Првиот М5 со кодна ознака Е28 е поставен на платформата на тогашниот 535i бил рачно склопуван од техничарите во одделот за мотоспорт на BMW, односно M GmbH и носел модификуван мотор од суперспортистот М1 со зафатнина од 3.5 литри распоредени во 6 цилиндри во линија кои произведувале 286 КС.
Она што сега се очекува од BMW е новата генерација на М5 F10 која за првпат ќе носи V8 турбо бензинец со зафатнина од 4.4 литри и моќност од преку 550 КС.
Снагата до задните тркала ќе се пренесува преку седум степен менувач со две спојки, а светската премиера сега и официјално е закажана за в година на салонот во Франкфурт.
|