Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Spada Codatronca ќе се произведува
20.03.2008
spada-codatronca-1.jpgСуперавтомобилот Spada Codatronca е заедничко дело на италијанскиот дизајнер Ерколе Спада, неговиот син Паоло и италијанската тјунерска куќа со необично име UK Garage.

Најавен уште минатата година автомобилот мораше да помина низ долга фаза на опсежни тестирања кои на крајот потврдија дека станува збор за успешна конструкција и дека Codatrоnca може да влезе во сериско производство.

Првата верзија ќе го носи името Codatronca TS акроним за Turismo Sportivo и ќе биде задвижувана од атмосферски V8, се разбира, бензинец кој ќе остварува моќни 600 коњски сили способни да го истуркаат автомобилот до максимална брзина од преку 340 km/h.

Светската премиера е закажана за 24 април на салонот во Монако, кон средина на годината стартува и производството. Се очекува подоцна да се појави уште една поспортска верзија на Codatronca TSS или Turismo Super Sportivo која во моментов е во фаза на тестирање.

Според конструкторите тајната на успехот на Codatronca лежи во нејзината лесна структура, ефикасна аеродинамика и одлични возни својства. Приоритет при создавањето на Codatronca бил да се конструира супер автомобил кој ќе ги оживее сеќавањата на вистинските италијански спортски класици.

А за да се задржи цената во разумни граници Codatronca e поставена на платформата на Corvette, но со значителни подобрувања во областа на суспензијата, аеродинамиката, сопирачките, моторот и менувачот.

Производството на Codatronca го презвзема нова компанија сместена во Торино, SpadaVettureSport, создадена само за таа цел и под раководство на семејството Спада, а во соработка со неколку технички и комерцијални партнери на Spada кои ќе ја имаат улогата на добавувачи на делови и компоненти.

Цената за сега останува непознаница. Но, очекуваме да биде објавена по претставувањето во Монако.


 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook