Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Spark ќе искри во Женева
13.02.2009
chevrolet-spark-2010-1.jpgGeneral Motors пресече и одлуката падна. Наследникот на Chevrolet Spark својата светска премиера ќе ја доживее во Женева. Ако се суди според фоткиве малечкото навистина ќе искри.

Новиот мини автомобил нa Chevrolet ќе ја започне својата кариера како глобален модел, а погодувате своето патешествие ќе го започне од Европа и се разбира од Јужна Кореа и полека ширејќи се кон Исток и Запад ќе го освои цел свет вклучувајќи ги и САД во 2011.

Во Женева Spark ќе биде претставен со два нови мотори. Станува збор за атмосферски бензински четирицилиндарци со зафатнина од 1.0 и 1.2 литри. Значи нема повеќе три цилиндри.

Според наводите на инженерите задолжени за тестирање, Spark со поголемиот мотор од 1.2 литри успеал да постигне просечна потрошувачка од 5,88 L/100 km во тешки услови на експлоатација. Тие дополнуваат дека во реални услови таа би паднала за најмалку уште еден литар.

Моќноста сеуште не се открива. Затоа дизајнот очарува. Новиот Spark оди по стапките на дизајнот на концептот Beat претставен во 2007 на салонот во Њујорк и слободно може да се заклучи дека лепи на прв поглед.

Навистина ниту еден мини автомобил до сега не бил олку шик. И надвор и внатре. Очигледно е дека дизајнерите во General Motors завршиле одлична работа и веруват дека Spark ќе се продава како алва.

Новиот Spark во должина мери 3.640 mm и има меѓусокино растојание од 2.375 mm благодарение на тркалата поставени во аглите на автомобилот. Ова значи дека Spark носи компактно пакување, но со доволно простор за превоз на пет патници.

Се забележува дека кваките за отворање на задните врати се сокриени во горниот дел за да се сочува флуидната линија на задниот дел од каросеријата со надуваните арки над тркалата кои се доволно големи за во нив да се сместат тркала од 15 инчи, па и поголеми, трик досега користен од повеќе производители.

Spark не носи само новини во дизајнот и во механиката, туку и на полето на бзбедноста. За да се задоволат строгите безбедносни норми Spark под убавата надворешност сокрива цврст патнички кафез и цела серија на воздушни перници вкупно 6 на број со страничните завеси, ремени со предзатегнување и ABS и ESP.

Стартот на продажбата е најавен некаде за почетокот на 2010, дотогаш цената останува тајна . Додека останатите технички податоци ќе бидат откриени на светската премиера во Женева.


 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook