|
BMW одлучи да ја прослави 70 годишнината од првата победа на легендарната трка Mille Miglia со претставување на лимитирана специјална едиција на родстерот Z4 sDrive35is со наставка Mille Miglia.

Новaта генерација на родстерот на BMW, Z4 под ознаката Milli Miglia ќе биде произведен во лимитирана серија од само 99 примероци и најинтересното, ќе биде понуден само на италијанскиот пазар.
Јубилејните примероци ќе почиваат на основата на најмоќниот Z4 во понудатa на BMW, верзијата sDrive35is во која 3.0 литарскиот твинтурбо бензинец остварува моќност од 340 КС доволни за бесни перфоманси на еден тркач од Mille Miglia.
Сите 99 примероци ќе бидат обоени во мат сива боја која во BMW ја нарекуваат Matte Polaris Metalic, ќе имаат леснометални бандажи од 19 инчи со темен хром финиш обуени во гуми Bridgestone Potenza RE050 A и ќе го носат спортскиот М пакет.
Внатре арматурата и страниците од вратите се преслечени со кожа, додека за седиштата е користена комбинација со превртена кожа проштепана дијагонално со црвени шевови кои ги има и на воланот.
Тука е и неизбежното лого на Mille Miglia, односно 1.000 милји, залепено на на централната конзола и извезено на патосниците. Беџовите Mille Miglia се залепени и на предните крилата на капакот од багажникот.
Паралелно со претставувањето на специјалната едиција на Z4 Mille Miglia, BMW го најави и возобнувањето на актуелниот победник на Mille Miglia моделот BMW 328 Kamm Coupe, кој од светската автомобилска сцена изсчезна пред 60 години.
Инженерите и висококвалификуваните мајстори од работилницата на BMW Classic успеаја да го реконструираат автомобилот по оригиналните нацрти со просторна шасија од цевкасти профили и каросерија од алуминиум покажувајќи дека дури и пред 70 години BMW полагал многу во аеродинамиката и лесните конструкции.
|