|
03.10.2007 |
Renault одлучи да се здружи со производителот на мобилни
телефони Nokia. Како плод на партнерската врска се роди Twingo
Nokia, специјална едиција посветена на музиката.
Главните значајки кај автомобилот се опциите за
приклучување на музика преку кутија за аудио врски која е
сместена во фиоката пред совозачот.
Приклучната кутија нуди USB порта, 3,5
милиметарски џек и DIN конектор за приклучување на iPod. На овој
начин вашата музика се префрла до CD плеер кој е
МР3 компатибилен и нуди моќност од 140 вати. Со плеерот се командува
преку копчиња на воланот.
Второ Twingo Nokia има конекција bluetooth која ви е
потребна за третата најважна значајка, Nokia 6110
Navigator мобилен со GPS, G3 и микро SD слот.
Трето бидејќи на арматурата нема простор за сателитска
навигација Twingo Nokia има посебен држач димензиониран
посебно за Nokia 6110 кој е прицврстен за ветробранот. Ова е
потребно бидејќи мобилниот нуди навигација слична со стандардните системи кои
се вградуваат во автомобилите.
Предноста кај 6110 е што направата откако ќе се
паркирате можете да си ја земете со себе па така нема шанси да се загубите по
напуштањето на автомобилот.
И една финта. Обратете внимание на В столбот.
|