Get Adobe Flash player
Специјална Ibiza за 60 години Seat
02.06.2010

Во чест на 60 години постоење на компанијата и како дел од прославата на големиот јубилеј за Seat, инженерите и дизајнерите смислеле еден посебен подарок во oблик на новата Ibiza.

seat-ibiza-sport-limited-2010-1

Aвтомобилот претставува лута модификација на Ibiza Sport Coupe која нуди визуелен тјунинг во стил на навистина жешката Ibiza Cupra, но под хаубата пакува сосема обичен мотор.

Ibiza Sport Limited, како што е наречена оваа лимитирана серија на Ibiza, вришти благодарение на метализираната портокалова боја, црниот кров, агресивниот преден браник со големи отвори за воздух и уште повпечатливиот заден браник со интегриран дифузор, стилизирани отвори за одвод на жежок воздух и централно потставени двојни издувни цевки.

Лимитираната Ibiza со спортска конотација е поставена на црни лак обоени леснометални бандажи со дијаметар од 17 инчи обуени во гуми на Bridgestone со димензии 215/40.

Во кабината разликата ја правата детали обоени во портокаловата боја на каросеријата, предните спортски седишта прошиени со портокалов конец со кого е сошиена и кожата на воланот, а тука се и педалите од алуминиум.

Под хаубата на оваа на лик жешка Ibiza Sport Limited работи еден сосема обичен мотор. Се работи за познатиот атмосферски бензинец од 1.6 литри и 105 КС при 5.600 врт/мин и вртежен момент од 153 Nm при 3.800 врт/мин.

Снагата на моторот е доволна за сосема просечни перформанси кои резултираат со максимална брзина од 189 km/h како и обичната Ibiza и забрзување до 100 km/h за 10,4 секунди се менуелен пет степен менувач.

Доколку се користи автоматот со две спојки и 7 степени DSG тогаш Ibiza ќе забрзува до 100 km/h за 10,1 секунди и ќе има максимална брзина од 188 km/h. Што се однесува до подвозјето и сопирачките тие се како кај обичниот модел.

Интересно е што раководството на Seat одлучило Ibiza Sport Limited да се продава само на германскиот пазар и да биде произведена во ограничени 300 примероци секој со соодветна нумерирана плочка и сертификат за потеклото.

Цената е значително повисока од обичниот модел и е заокружена на 20.620 евра.

 

 

 

Facebook