|
19.11.2008 |
Fiat одлучи наново да ја поттикне заинтересираноста за својот
најмал модел со погон на четири тркала претставувајќи специјална серија
наречена Panda Glam.
Деталите кои ја прават Рanda 4x4 Glam посебна се
бисерно белата боја, шините на кровот изработени од четкан алуминиум,
стаклениот кров, леснометалните бандажи со пречник од 15 инчи и светлата за
магла.
Сето ова важи за од надвор. Внатре Panda
Glam добива нови седишта со поиспакнати страници за да го држат телото во
свијок и нови преслеки и декоративни детали од четкан алуминиум на централната
конзола и отворите за вентилација.
Поважната сериска опремена ја сочинуваат електрика на
стакла и на ретровизори, автоматски двозонски клима уред, радио CD + МР3 со
команди на волан.
Под хаубата работат познатите агрегати. Бензинскиот 1.2
литарец со моќност од 60 коњски сили и турбодизелот 1.3 Мultijet со моќност
од 70 коњски сили.
Во Италија цената на специјалното издание Panda
Glam со бензински мотор изнсува 14.800 евра, додека за дизелот треба да се
издвојат 16.910 европски банкноти.
|