|
Mazda има голема причина за да слави. Годинава навршуваат точно 20 години од првото прикажување на MX-5, малото кабрио на Mazda кое на автомобилскиот свет му ја врати вербата во кабриолетите.

За одбележување на значајниот јубилеј Mazda одлучи да направи лимитирана серија на актуелниот MX-5 наречена 20th Anniversary Edittion која ќе биде произведена во само 2.000 примероци. Во чест на јубилејот Mazda лани во Франкфурт го претстави и концептот MX-5 Superlight, но за жал тој нема да се произведува сериски.
За да се зачува автентичноста секој произведен примерок ќе има индивидуален сериски број кој ќе оди од 0001 до 2000 и ќе биде изгравиран на плочка од не`рѓосувачки челик поставена на предното крило.
Моделот од лимитираната серија е создаден врз основата на 1.8 SE кој има повисоко ниво на опременост и ќе се нуди само во три бои кои во Mazda се водат како True Red или вистински црвена, Crystal White Peаrl или кристално бисерна бела и Auror Blue или аурора сина.
Mazda MX-5 20th Anniversary Edittion носи леснометални бандажи од 17 инчи со десет пречки, хромирана рамка на маската, хромирани рачки на вратите и хромирани прстени околу светлата за магла.
Измените кај механиката се однесуваат само на новата постегната суспензија која на среќните сопственици ќе им овозможи побесно бришкање низ свијоци.
Дополнителните детали за MX-5 20th Anniversary Edittion во Mazda ќе ги откријат на светската премиера која е закажана за март за салонот во Женева. Тогаш ќе биде обелоденета и цената и ќе биде отворен списокот за нарачки.
|