Францускиот лав во Франкфурт го претстави електричниот
концепт BB1 за кого истакнува дека е совршено решение за пробивање низ градскиот
метеж со вкупно четири патници во кабината.
Смерниците при конcтруирање на BB1 биле
да се направи градски автомобил кој во должина од 2,5 метри ќе може да смести
четири патници за превоз на куси растојанија и радиус на вртење од 3,5 метри.
Олку малите димeнзии на ова градско купе на Peugeot ќе му овозможат да се протне секаде каде што возачот ќе посака, па дури
и да се паркира на најтесното паркинг место дури и попречно меѓу два нормални
автомобили.
Без оглед на малиот простор во кабината инженерите
на Peugeot успеале да најдат доволно простор за багажник од 160 литри со четири патници и
дури 855 литри само со два патника. Воедно постигната е исклучително добра
ергономија.
Без оглед на скромните димензии и намената BB1 може
да се пофали со исклучително богата опрема како телефон, сателитска навигација,
интернет, радио со MP3
и WMA, приклучок за iPod, камери за возење наназад и слично.
Електричниот погон го сочинуваат два електрични мотори
сместени во главчините на задните тркала. Целиот склоп е дело на инженерите на Michelin кои успеале да го направат толку компактен што не одзема простор од
багажникот.
Вкупната моќност на електромоторите изнесува 20 КС кои се
доволни за BB1 да забрза до 30 km/h
за 3,8 секунди со меѓузабрзување од 30 до 60 km/h за 4
секунди и максимална брзина од 90 km/h.
Акумулаторските батерии кои ги напојуваат електромоторите
се литиум-јонски. Тие обезбедуваат џус за ВВ1 да може да има автономија од 120 km во
градски услови.
Тие се сместени под предните седишта со што не е нарушен
просторот во кабината. Плус инженерите постигнале тежиштето на автомобилот да
биде централно во шасијата подобрувајќи ја стабилноста.
Peugeot
BB1 е изработен од карбон-фибер, а шасијата е дело на
инженерите на Peugeot
Motorcycles. Затоа тежината е сведена на 600 килограми.
|