|
04.06.2007 |
Во 1907 Rolls-Royce го пушти првиот Silver Ghost. По 100 години духот ќе продолжи да го пренесува специјална серија на Phantom ограничена на 25 примероци.
Се разбира дека серијата е во сребрена боја. На бандажите од 21 инќ има хромирани раткапни, а во внатрешноста кожа во беж боја во комбинација со апликации од палисандер. Се добиваат ладилник, сет за пишувањ е од масивно сребро, клуч за палење целосно изработен од сребро, а од благородниот метал е и фигурата на ладилникот, Леди Емили. Посебно за Phantom се изработени и држачите за чаша, чашите за шампањ, инструментите со бела основа, часовникот и плакетите Phantom.
Нормално, и цената е посебна. 375.000 евра без данок, што е 32.500 поскапо од нормалниот Phantom.
|