Get Adobe Flash player
Сребрената боја ја зголемува опасноста од незгода
10.06.2007
silverЦрната е елегантна. Но, црните автомобили не се безбедни колку белите. Австралиските научници пресметаа дека се работи за 12 проценти поголем ризик. И омилената сребрена боја поминува доста лошо.


Според научниците, црните автомобили се во полоша положба отколку автомобилите со некоја друга боја. Авторите на студијата на австралискиот универзитет Монаш во Мелбурн открија дека опасноста да учествуваат во судир кај црните автомобили е за 12 проценти повисока отколку кај белите возила.

Светлите бои како жолтата или кремастата постигнуваат подобри резултати. Изненадува лошиот резултат на сребрената боја, со која опасноста за незгода е поголема за десет проценти во споредба со белата боја. Автомобилите со оваа боја при лошо време се втопуваат во средината и тешко се забележуваат. Во сивите автомобили ризикот за незгода е повисок за 11 проценти, а кај сините и црвените за седум проценти.

Научниците ги оценуваа податоците од незгоди меѓу 1987 и 2004 година, со повредени или усмртени патници и случаи во кои автомобилот морало да се шлепува.

Темниот автомобил може да ја зголеми опасноста за незгода, но најголем фактор и натаму е начинот на возење.
 

Поврзани статии

 

 

Facebook