SsangYong во Париз
го прикажа првиот плод од соработката со кинескиот SAIC Shangai
Automovitve Industries Group сигнализирајќи го стартот на вистинска преродба на
марката.
Во следните пет години од развојното одделение на SsangYong треба да
излезат цела гама на возила со кои корејскиот производител на квалитетни, но
малку чудни возила тргнува во офанзива.
Новиот концепт нарчен С200 е кросовер и е еден од 20.
нови модели на кои работат инженериските и дизајнерските тимови на SsangYong. Воедно тој
е првиот модел на SsangYoung со самоносечка каросерија и првиот
модел со погон на предни тркала.
Врз платформата на која е поставен С200 во иднина ќе
почиваат цела низа на автомобили во седан и хечбек верзија со погон на предни
тркала што е драстично менување на политиката на производителото кого го
познаваме само по производство на теренци.
За да не се измислува топла вода SsangYong го
ангажираше големиот мајстор Џуџаро чива дизајнерска куќа ItalDesign ќе ги
дизајнира сите идни возила што треба да излезат од неговите погони.
Платформата на која е поставен концептот С200 е модуларна
и покрај погонот на предни тркала без измени ќе може да носи и погон на четири
тркала. Доказ за тоа е токму С200 кој под хаубата носи 2.0 литарски бензинец и ги задвижува сите четири тркала.
Влегувањето во серија на С200 според одговорните во SsangYong е извесно,
но сеуште нема датум кога новиот кросовер ќе стартува со продажба и кои пазари
први ќе имаат прилика да го добијат.
Уште на прв поглед е јасно дека С200 е убаво возило кои
дефинитивно ќе и се допадне на пошироката публика. Бензинецот остварува 175
коњски сили што е и повеќе од доволно за крстосување во градски средини бидејќи
SsangYong го најавува како урбан крузер.
Моќноста до сите четири тркала се пренесува преку шест
степен автоматски менувач, но сеуште нема збор дали во центарот на
трансмисијата работи класичен диференцијал својствен за SsangYong или виско
спојка и колкав е процентот на вртежниот момент што се пренесува на предни,
односно на задни тркала.
Вредно за споменување е дека во новите возила на SsangYong ќе има и
голем процент од содржината на Rover, бидејќи SAIC е сопственик на
пропаднатата британска фирма.
SAIC во моментов произведува автомобили на основата на
платформите на Rover и нивните мотори и се очекува некои од новите модели и
на SsangYong да бидат поставени на истите платформи.
|