|
24.12.2008 |
Производителот од Јужна Кореа, SsangYong неможе да
им даде плата на своите работници за месец декември поради недостатокот на
оперативен капитал и големите долгови.
SsangYong е најмалиот производител на автомобили од Јужна Кореа кој поради
малиот капитал и финансиската криза е исправен пред големи проблеми. Единствен
спас за компанијата во моментов е помош од надвор.
Сопственоста над SsangYong ја има
кинеската групација Shanghai Automotive Industry. Од таму се
очекува план и финансиска инекција за да се спаси компанијата. Доколку ова не
се случи голема е веројатноста SsangYong да пропадне.
Shaghai Automotive го купи контролниот
пакет акции на корејскиот производител пред три години и оттогаш SsangYong бележи
добри продажни резултати, но специфичните модели кои повлекуваат висока цена не
се иделен производ во една економска криза.
Токму поради ова падот на продажбата и загубата се
драстични во овој тежок период.
Сега во SsangYong се вработени 8.000 луѓе кои неможат да добијат плата
бидејќи продажбата во последните 10 месеци опаднала за 30%, а компанијата е
принудена да затвори преку 60 дилерски места само во Кореа.
Судбината на SsangYong е неизвесна и
опстанокот на компанијата зависи од одлуките и потезите што ќе ги повлече
неговиот принципал Shaghai Automotive.
|