|
31.05.2007 |
Во март SSC се обиде да го сруши рекордот за најбрз сериски
автомобил на светот со својот Ultimate Aero TT. Но, обидот пропадна поради повеќе
фактори меѓу кои и лошото време.
Во SSC се сеуште одлучни да му ја земета титулата на Koenigsegg
CCR кој во моментов го држи рекордот со официјално мерeње на кое постигна 390
km/h.
Побрз од него според известувањата е Bugatti
Veyron со 407 km/h, но овој резултат не е потврден бидејќи е постигнат на
неофицијално мерење.
Одговорните во SSC тврдат дека на
последниот тест спроведен заради проверка на температурата на маслото во
менувачот на 22 мај, Ultimate Aero TT достигнал 388 km/h. Додека
возачот пријавил дека педалот за гас не бил до крај, односно дека користел само
71 процент од расположивата моќ на автомобилот. Што наговестува дека Ultimate
Aero TT има доволно резерва за да го собори официјалниот рекорд.
Со 1.183 КС кои стојат на располагање зад грбот на
возачот сигурни сме дека SSC Ultimate Aero TT ќе го сруши
рекордот при следниот официјален обид што компанијата го планира набрзо.

|