Get Adobe Flash player
Стаклен кров за Ford Mustang
13.12.2007
mustang-glass-roof-2008-1.jpgЗа прославата на 45 годишнината на Mustang која ќе се случи во 2009, Ford покрај Bullitt Mustang и новиот Shelby GT500KR ќе понуди нова верзија на исконскиот автомобил која ќе носи фиксен стаклен кров.

Ова значи дека Mustang сега е достапен во три различни опции, како купе со обичен метален кров, како кабриолет со мека платнен склоплив кров и исто така како купе кое исто како и кабриолетот нуди поглед кон небото, само без ветар в коси.

Според експертите производството на стаклени фиксни кровни конструкции е зголемено за 200 проценти во последните 4 години. Објаснувањето вели дека причината е што луѓето поминуваат се повеќе и повеќе време во автомобилот. Бројката на луѓе што секојдневно патуваат до работното место и назад дома подолго од 1 час е зголемен за 50 проценти меѓу 1990 и 2000. Што ја условува потребата за поголемо изложување на дневна светлина.

Стаклениот кров на Mustang е направен од затемнето стакло и има ролетна која по потреба се навлекува рачно. За да се намали бучавата што е стандарден проблем кај стаклениот кров, врз стаклото е поставен слој од винил кој ја редуцира бучавата и вибрациите.

Новиот стаклен кров ќе биде достапен како опција кај сите верзии на Mustang од лето 2008 со доплата од 1.995 долари.

Mustang за првпат е претставен во 1964 на светскиот саем во Њујорк и се продавал по цена од 2.300 долари. Во првата година продадени се 417.000 илјади примероци. Денес кога автомобилот се ближи до својата 45 годишнина може да се пофали една убава бројка со продадени близу 9 милиони примероци.

mustang-glass-roof-2008-2.jpgmustang-glass-roof-2008-3.jpg

 

 

 

Facebook