Get Adobe Flash player

Стартува продажбата на Artega GT
10.03.2008
artega-gt-intro-2008-1.jpgВремето на малите спортски автомобили не заоѓа. Напротив и има добра причина зошто е тоа така. Малечките тркачи со моќни мотори нудат директна врска на возачот со автомобилот.

Одлични возни својства, маневрибилност како кај картинг, нешта на кои големите и тешки спортски автомобили можат само да им позавидат, а воедно не е потребно баснословна сума на пари за да се седне зад воланот на еден ваков тркач.

Сите овие карактеристики се огледуваат во Artega GT, мал спортски автомобил дизајниран од Fisker и најавен пред безмалку една година по светската премиерата во Женева стартува со продажба. За да не ве држиме премногу во неизвесност еве ја и цената: старт од 75.000 евра.

Но, да видиме што се нуди автомобилот за тие пари. Најавуваниот 3.6 литарски V6 од VW со 300 коњски сили, поставен централно и споен со шест степен DSG менувач, погон на задни тркала, спринт до 100 km/h за помалку од 5 секунди и максимални 270 km/h.

Сериски ABS и ESP, динамички систем за поддесување на возните карактеристики со четири модуси на работа Normal, Sport, Race и Off, спортска суспензија, 19 инчни леснометални бандажи, издув од не`рѓосувачки челик со четири издувни цевки, би-ксенон светла, спортски седишта во комбинација кожа и микрофибер, клима и сета онаа забавна електроника која се наоѓа и во една добро опремена лимузина.

По повод стартот на продажбата Artega одлучи да произведе лимитирана серија од само 99 модели на GT наречени Intro 2008. Секој од овие модели добива посебно уредена кабина со опции ексклузивно наменети само за оваа серија.

Тука спаѓа уникатната боја, посбните леснометални бандажи, кожени седишта, внатрешност обложена со велур и неизбежна плочка со изгравиран реден број на примерокот поставена на три места. Надвор на страниците од автомобилот и внатре кај рачката од менувачот.

Сите овие додатоци влијаат и на цената на автомобилот која во случајов стартува од 79.790 евра.

И за крај да ги облеодениме плановите на компанијата. За да ја сочува ексклузивноста Artega планира производство од сaмо 500 примероци годишно.


 
Get Adobe Flash player