Infinity со нетрпение го очекуваше 21 јуни најголемиот ден во годината за да
стартува со продажба на својот нов кабриолет G37 Convertible кој
беше претставен уште минатата година на салонот во Лос Ангелес.
Во понудата на новиот кабриолет на Infinity се две верзии. G37
Convertible кој во САД чини 43.850 долари и G37 Convertible Sport за
кого купувачите ќе мораат да издвојат малку повеќе, односно 43.900 долари.
Разликата во цената се чини смешна, но има причина за
тоа. Без оглед на верзијата под хаубата работи 3.7 литарскиот V6 бензинец
кој остварува 325 КС, неговата моќност е малку придушена во однос на купето G37 каде
остварува 328 КС.
Во обичната верзија G37
Convertible моторот снагата до задните тркала ја испраќа преку
поскапиот седум степен автоматски менувач кај кого постои опција за мануелно
менување на степените со палки изработени од магнезиум и поставени зад волан.
Кај верзијата со ознака Sport. Снагата до задните
тркала оди преку шест степен мануелен менувач кој чини помалку од автоматикот,
но затоа спортската суспензија и помоќните сопирачки ја изедначуваат вредноста, па оттука релативно малата разлика во крајната цена.
Без оглед за која верзија ќе се одлучат купувачите ќе
добијат отворен автомобил со цврст склоплив кров, луксузен ентериер, одлични
возни карактеристики создаден да ги задоволи и вкусовите на најпребирливите
возачи.
Покрај возачките доживувања патниците ќе можат да уживаат
во уникатниот аудио систем дизајниран од Bose наречен Bose
Open Air Sound System. Уникатаната особина на системот е што динамички во реaлно
време ја менува еквилизацијата на звукот во зависност од надворешната бучава,
брзината на возилото и позицијата на кровот. Отворен или затворен.
Покрај адаптибилниот аудио систем G37 Convertible нуди и адаптибилен клима уред кој исто така ја прилагодува брзината на
вентилаторот во зависност од брзината на возилото и позицијата на кровот.
G37
Convertible најдобро го опишува Брајан Керолин потпретседателот на Infinity за продажба и маркетинг велејќи: „G37
Convertible е дизајниран за да го возобнови духот на кабриолетите на
Infinity и да понуди огромно возачко задоволство заедно со неприкосновената убавина
која доаѓа однатре. Од прекрасниот кожен ентериер и од прекрасните звуци. G37 Convertible е создаден за да предизвикува откриен”.
Но, американците не се единствени кои ќе уживаат во G37
Convertible и G37
Convertible Sport.
Прекрасниот кабриолет заминува во освојување на другите
контитненти на есен.
|