Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Стартува продажбата на Mitsubishi iMIEV
08.06.2009
mitsubishi-imiev-1.jpgЦелосно електричната верзија на мини автомобилот на Mitsubishi, iMIEV влегува во сериско произвдство веднаш и што е најважно од почетокот на јули стартува продажбата на пазарот во Јапонија.

Истражувањето спроведено од Mitsubishi во кое се истакнува дека за 10 години дури 20% од вкупната продажба на автомобили ќе им отпадне на електричните возила ги охрабри одговорните да стартуваат со производство на iMIEV.

Електромобилот iMIEV стартува со цена од 45.000 долари. Сумата што треба да се издвои за iMIEV воопшто не е мала уште повеќе ако се земе предвид фактот дека хибридите Toyota Prius и Honda Insight во Јапонија се два пати поевтини.

Но, во компанијата се уверени дека продажбата воопшто нема да ги потфрли очекувањата бидејќи тие во основа не се големи. Охрабрува фактот дека веќе се направени 1.400 нарачки од страна на властите во Јапонија, но и од разни компании.

Mitsubishi iMIEV нуди четири места за седење, a со едно полнење на батериите може да измине преку 150 km. За да се достигне максималниот капацитет на акумулаторските батерии потребно е да бидат 14 часа приклучени на стандардната електрична мрежа во Јапонија од 110 V.

Специјалните приклучоци кои веќе постојат на бензинските станици во Јапонија овозможуваат полнење на акумулаторските батерии за само 30 минути. Резлутат кој дефинитивно ги наведува јапонците да размислат добро пред да се одлучат за нов мал автомобил.

Сеуште нема збор дали iMIEV ќе пристигне на тлото на Европа, но од Mitsubishi се споменува договор за соработка со PSA Peugeot Citroen за евентуално производство на електромобилот во Европа.

mitsubishi-imiev-2.jpgmitsubishi-imiev-3.jpg

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook