Get Adobe Flash player
Стартува продажбата на Tata Nano
24.03.2009
tata-nano-1.jpgTata конечно ја извојува битката околу стартот на продажбата на микро автомобилот Nano кој со цена од под 2.500 долари ја носи етикетата најевтиниот нов автомобил на светот.

Производството на Nano иако со задоцнување од еден месец сепак, стартуваше, а првите примероци до своите купувачи во Индија ќе стигнат кон средина на април.

Tata го исполнува ветувањето и цената како што беше најавено ќе биде под најавената граница од 2.500 долари. За исполнување на своето ветување Tata Мotors мораше да стартува со градење на нова фабрика во Гујарат, поради простестите кои избија во провинцијата Западен Бенгал каде оригинално беше поставено производството.

Ова значи дека максималниот капацитет од 250.000 автомобили на годишно ниво ќе биде возможен дури кон крајот на 2010.

Уште од почеток на продажбата Т ata Nano ќе биде на располагање во две верзии стандард и делукс, но на располагање се широка палета на бои и на додатоци и опрема, така што купувачите ќе можат да го креираат автомобилот според својот вкус.

Секако ова ќе чини дополнително, но во Tata се надеваат дека токму дополнителната опрема и можноста за кастомизација, пред се на домашниот пазар ќе го донесе поголемиот дел од заработувачката.

Што се однесува до погонот Nano ќе го задвижува алуминимски двоцилиндричен бензинец со зафатнина од 623 сс и моќност од 33 коњски сили способни да го забрзаат автомобилчево до максимална брзина од 96 km/h.

Каросеријата е изработена од многу тенок пресуван челичен лим, додека под неа се сокрива патнички кафез со зони на деформација и заштитни шипки во вратите.

Иако од Tata Nano не се очекува да соборува рекорди во освојување на ѕвезди на краш тестовите, сепак, инженерите тврдат дека е значително побезбеден од еден мотоцикл во сличен ценовен ранг.

Интернационалниот настап на Nano сеуште стои под голем знак прашалник иако верзијата наменета за европскиот пазар беше претставена во Женева како Nano Europa.

Оваа европска верзија на Nano има помоќен мотор, ABS, ESP, воздушни перници и секако нема да чини помалку од 2.500 долари.


 

 

 

Facebook