Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Стартува производството на Ford Focus RS
21.01.2009
ford-focus-rs-1.jpgПрвиот примерок од најавениот Ford Focus RS се симна од производната лента во фабриката на Ford во Саарлуиз, Германија, a во продажните салони пристигнува во април.

Во Ford очекуваат дека Focus RS најдобро ќе се продава на пазарите во Германија, Велика Британија и Швајцарија. Но, тука не е исклучена ниту Русија која одеднaш пројави зголемен интерес за жешки компакти.

За производство на Focus RS составен е посебен тим кој посетувал дополнителна обука за вградување на специфичните компоненти. Тука спаѓаат новите делови од каросеријата како страничните завеси и набабрените арки над тркалата и специфичниот преден и заден браник.

Специјалисти се потребни и за вградување на новите механички компоненти: моторот, менувачот, диференцијалот и суспензијата. 2.5 литарецот како што пишувавме претходно остварува 300 КС и максимален вртежен момент од 440 Nm што е доволно за спринт до 100 km/h од 5,9 секунди и максимална брзина од 264 km/h.

„Возбудени сме што беџот RS повторно се враќа во портфолиото на Ford,” изјави Џон Флеминг шефот на Ford за Европа. „За овој модел владее голем интерес, многу поголем од претходно и веруваме дека новиот RS е вистински погодок.”

Со новиот RS, Ford му го враќа престижниот беџ на Focus, последен пат виден на првата генерација која престана да се произведува во 2002. RS има големо значење за Ford воопшто.

Станува збор за наследство развлечено низ минатите 38 години каде се вклучени модели како Fiesta, Escort и Sierra.


 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook