Get Adobe Flash player
Стартува производството на Kia Sportage
28.06.2010

Денес стартува производството на новата генерација на Kia Sportage во погоните на фабриката на Kia во Жлина, Словачка за кое раководството на компанијата има оптимистички предвидувања.

kia-sportage-2010-2

Имено според планот на одговорните во Kia и планерите на производството во Жлина од производните ленти на фабриката до крајот на годината треба да се симнат 35.000 примероци од новиот Sportage.

Иако бројката на произведени примероци на Sportage делува оптимистички таа е дел од планот на Kia за зголемување на производството на фабриката во Жлина, откако минатата година тоа драстично падна заради глобалната економска криза.

Планот на Kia е во Жлина годинава да произведе 200.000 возила кој доколку биде исполнет ќе значи зголемување на производството во однос на 2009 за 50.000 примероци. Бројка која ниту од далеку не е за потценување.

Воведувањето на производството на Sportage во погоните во Словачка треба да биде прилично едностани, бидејќи таму веќе се одвива призводството на неговиот постар брат близнак Hyundai ix35.

Третата по ред генерација на Sportage треба да го смени актуелниот модел чие производство заврши минатиот месец, поточно мај 2010, а се произведуваше од 2007. Sportage е вистински бестселер на Kia и истото се очекува од новата генерација.

Сеуште нема прецизна информација кога ќе стартува комерцијализацијата на пазарите во Европа, ниту пак од Kia ја даваат препорачаната фабричка цена. Се очекува дека новиот Sportage ќе биде од 5 до 10% поскап од претходникот.

 

 

 

Facebook