Get Adobe Flash player
Стартува производството на Kia Venga
03.11.2009
kia-venga-1.jpgВо фабриката на Kia во Ношовице во Чешка стартуваше производството на Venga новиот модел на корејскиот производител создаден во Европа и наменет за пребирливиот европскиот пазар.

Јасно е дека Venga нема да се прoизведува во фабриката на Kia во Жлина, Словачка како што беше најавено при претставувањето на моделот. Но, затоа од Жлина ќе доаѓаат моторите наменети за Venga.

Venga e дело на дизајнерскиот и развојниот тим на Kia сместен во Риселхајм. Германија и според наводите на одговорните од компанијата се очекува да биде вистински бум на европскиот пазар.

Автомобилот кој во должина мери 4.068 mm, висок е 1.600 mm и има меѓуоскино растојание од 2.615 mm ќе биде сериозен конкурент на веќе етаблираната европска ергела како VW Polo, Ford Fiesta, Opel Corsa, Renault Clio, Citroen C3.

Дизајнот, покрај богатството од опрема и просторот во кабината ќе биде главен адут Venga на пазарот. Под хаубата на почеток ќе работат бензинците од 1.4 и 1.6 литри, а понатаму се очекува и дизелoт од 1.6 литри. Распонот на моќност е од 75 КС до 126 КС.

Продажбата во Европа е најавена за крајот на месецот, додека цената сеуште не е објавена. Затоа е објавена најголемата гаранција во класата од 7 години.

 

 

 

 

Facebook