|
16.05.2008 |
Веќе го претставивме италијанскиот супер автомобил
Spada Codatronca дело на дизајнерот Ерколе Спада и неговиот син Паоло и
италијанската тјунерска куќа UK Garage.
Конечно заврши напорното тестирање и автомобилот ја
доживеа светската премиера на салонот во Монако. Според планираното
производството на првите нарачки стартува веднаш, а првите купувачи своите
автомобили ќе ги добијат кон средина на годината.
Моделот со кој стартува целиот проект е Spada
Codatronca TS – Turismo Sportivo кого го задвижува
атмосферски V8 кој остварува 680 коњски сили доволни за достигнување на
максимална брзина од преку 340 km/h.
Со цел трошоците за производство да будат што
е можно пониски Spada Codatronca е поставена на шасија на Corvette, но затоа
нуди каросерија која е дизајнирана за да го воздигне духот на вистинските
италијански спортски класици.
Тоа значи ултра лесна структура на шасијата и на каросеријата, низок коефициент на отпор на воздух и одлични возни својства. Плус
тука се надоврзува единствениот дизајн на кабината која завршува во вертикален стабилизатор назад како кај авион.
Spada Codatronca ќе се произведува во Торино од
компанијата SpadaVettureSport создадена и под
контрола на семејството Спада.
|