Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Стартуваше производството на Ford Fiesta
15.08.2008
ford-fiesta-proizvodstvo-1.jpgПрвиот примерок од новиот глобален автомобил на Ford, малечката Fiesta, вчера, се симна од производната лента во фабриката Келн во Германија.

Глобалната платформа на која е поставена Fiesta ќе му овозможи на Ford да ги намали трошоците за развој и трошоците за проиводство, а воедно да понуди автомобили со различна внатрешност и каросерија во зависност од побарувањата на купувачите во одреден регион или на одреден пазар.

Врз платфромата на Fiesta, Ford планира да произведува околу 1 милион автомобили годишно на глобално ниво во следните пет години.

Очекувањата не се без основа бидејќи Fiesta уште од своето прво претставување на пазарот во 1976 е бестселер во Европа во последните три декади и се произведува во фабриката во Келн.

Ford инвестираше 455 милиони евра за да ја пренамени фабриката во Келн и очекува до крајот на годината да произведе 148.000 примероци. Се очекува кога работите ќе легнат максималниот капацитет на фабриката да биде 1.900 примероци од Fiesta и Fusion секојдневно.

Но, за новата генерација на автомобилот Ford очекува уште поголема побарувачка и затоа планира да ја произведува Fiesta и во фабриката во Валенсија, Шпанија. Производството ќе стартува во јануари 2009.

Производството за азискиот пазар ќе се одвива во фабриките во Нанџинг, Кина и Рајонд, Тајланд и стартува кон крајот на годината.

Тука не застануваат плановите на Ford. Фабриката за камиони во Куаутитлан, Мексико ќе биде пренаменета за производство на Fiesta, а првите примероци од оваа фабрика се очекуваат на стартот од 2010.

Овој потег е од големо значење за освојување на пазарот во САД, бидејќи во моментов Ford нема соодветен автомобил кој ќе може да им се спротивстави на Toyota Yaris и Honda Jazz, а високите цени на горивото ги приморуваат и американците да се преориентираат кон мали автомобили.


 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook