|
Аудио системот на Fender којшто е вграден во новата генерација на Volkswagen Beetle е прогласен за најдобар од страна на експертите на американската интернет страница CNET.

Специјалистот за гитари и појачала Fender децении на назад се наоѓа во врвот на светската музика и е една од најпочитуваните марки кога станува збор за музички инструменти и за музичка техника.
По светската премиера на Volkswagen Beetle американската марка си отвори простор и во автомобилската индустрија бидејќи инженерите на Fender создадоа аудио систем специјално за Volkswagen.
Него прв го понесе Beetle, а експертите од CNET, американската интернет страница за потрошувачи го прогласија за аудио систем со највисок квалитет за 2011 година и му јадоделија наградата „Best-sounding car stereo” или „Автомобил со стерео со најдобар звук”.
Наградениот аудио систем од Fender во Beetle се добива со доплата од 650 евра. Тој има 10 канален засилувач со моќност од 400 вати. Испорачува полн и детален звук преку четири високотонски звучници со неодимиумски магнети и текстилни калоти, два бас звучници со двојни намотки и два со единечни намотки и сабвуфер со двојна намотка сместен во кутија во багажникот.
Клиентите кои ќе го изберат Fender добиваат и амбиентално осветлување на кабината во три бои, хромирани лајсни околу мрежите на звучниците кои го носат карактеристичното лого на Fender.
|