Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Subaru има Фан-клуб во Македонија
24.01.2012

Од почетокот на новата 2012 година започнаа и активностите на Фан-клубот на престижната јапонска марка Subaru во Македонија чија идеја е сплотување на многубројните поклоници на марката.

subaru-outback-fun-klub-1-2012-1

Јапонската марка која славата ја печалеше победувајќи на светските релија се препознава по моторите Боксер и погонот на четири тркала. Дури и најмалите со сигурност знаат од каде доаѓа еден монструм како Impreza WRX STi.

Иницијатор за основање на Фан-клуб на Subaru во Македонија е компанијата Subaru – Toltu која е и официјален застапник за Subaru кај нас, a по одржување на првиот состанок членството одлучи за претседател на клубот да биде Стеван Шапчевски, а за секретар Стефан Велков кои ќе раководат со активностите.

Покрај предвидените дружења, каравани, настани, тест возења, хуманитарни активности и презентации на членовите на клубот ќе им се понудат и посебни бенефиции при продажните и постпродажните услуги со што ќе се зголеми уживањето при поседувањето и возењето на еден Subaru.

Што ќе се случува понатаму и кои се условите за да се стане член на клубот на Subaru во Македонија може да се дознае на интернет страницата www.subaru-toltu.com.mk, или во продажниот салон на застапникот Subaru-Toltu.

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook