Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Subaru Impreza Coupe
06.06.2008
subaru-toyota-coupe-1.jpgSubaru е во подем, но ова извонредно купе всушност е заеднички проект остварен во соработка со Toyota кој на пазарот ќе треба да се бори сo возила како Nissan 350Z и BMW Серија 3 Coupe.

Придобивката на Toyota е што конечно ќе добие автомобил кој е доволно добар за да биде наследник на Celica, модел што со нетрпение се очекува веќе подолго време.

Автомобилот на фотографијата ги превзема стилските детали од новата Impreza, но ова важи за предниот дел, Одзади работите стојат поинаку. Мускулестиот задник му го дава на автомобилот оној преку потребе атлетски изглед и дефинитивно го издвојува.

Планот е купето да има погон на задни тркала, кој е поевтин за производство од сложениот погон на четири тркала и нуди повеќе задоволство при возење. Но, ова ќе важи само за моделот со 2.0 литарски атмосферски боксер кеј ќе испорачува 180 коњски сили.

Помоќниот мотор 2.5 литарскиот турбо боксер со преку 300 коњски сили снагата ќе ја испорачува на сите четири тркала заради подобра тракција и полесна контрола над автомобилот.

Планот на Subaru и на Toyota е моделот прво да се појави на јапонскиот пазар, потоа на пазарот во САД, пред да стигне во Европа во 2011. Цената се очекува да се движи од 30.000 до 35.000 евра во зависност од верзијата и опремата.

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook