Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Subaru Impreza WRC 2008
26.05.2008
subaru-impreza-wrc-2008-1.jpgSubaru одлучи да го претстави својот нов светски рели автомобил само неколку дена пред неговото огнено крштевање на претстојното Рели Акрополис кое стартува на 29 мај.

Ова е првпат во историјата рели тимот на Subaru да користи хечбек за атак на најбрзите, највозбудливите и најопасните релија на планетата, а покрај каросеријата ја менува и бојата.

Од претстојното Рели Акрополис автомобилите на Subaru нема да се распознаваат по веќе врежаната сино-жолта комбинација, туку по сино-сива која иако невообичаена за Subaru сепак мора да се сложиме добро изгледа.

За разлика од претходниот Светски рели автомобил на Subaru, новиов има поголемо меѓуоскино растојание, покуси превиси и задно крило кое како и кај конкурентите е прицврстено на задната врата.

Под хаубата работи познатиот 2.0 литарску трубо боксер кој до сите четири тркала испорачува преку 300 коњски сили. Моторот е дериват на постоечкиот, но според најавите на инженерите во Subaru нуди поголем вртежен момент расположив од пониски вртежи.

За целосната техничка спецификација на автомобилот ќе мора да се стрпиме до стартот на релито кога истата ќе биде објавена од Светскиот рели тим на Subaru или SWRT Subaru World Rally Team.

Со новиот рели автомобил во SWRT се надеваат дека ќе го повторат успехот од 1995, 1996 и 1997 кога го освоија шампионатот за производители и 1995, 2001 и 2003 кога го освоија шампионатот за возачи.

Успехот покрај Impreza WRC 2008 ќе зависи и од возачката постава. Светскиот шампион, Норвежанецот Петер Солберг и младиот Австралијанец Крис Аткинсон.


 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook