Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Subaru Impreza WRC спецификација
30.05.2008
subaru-impreza-wrc-1.jpgРечено, сторено. Subaru ги објави спецификациите на новата генерација на својот светски рели автомобил, Impreza WRC 2008, точно пред стартот на 29. Рели Акрополис.

Новата Impreza има поголемо меѓуоскино растојание од својот претходник, кое сега мери 2.635 mm и што е исто така важно има покуси превиси и напред и одзади. Долга е 4.415 mm, широка 1.800 mm максимална широна според правила, висока е 1.475.

Со вака одбраната концепција е подобрена стабилноста на правец и во долги брзи свијоци, но и способноста за совладување на тесни остри свијоци.

Како што веќе кажавме во најавата задното крило како и кај конкурентите е поставено на задната врата, а моќноста доаѓа од познатиот 2.0 литарски турбо боксер. Моторот остварува максимална снага од 300 КС при 5.500 врт/мин и има максимален вртежен момент од мрсни 650 Nm при 3.000 врт/мин.

Преносот на снагата до сите четири тркала сео одвива преку шест степен секвенцијален менувач со електро-хидраулична контрола и централен диференцијал исто така со електро-хидраулична контрола заради можноста за брзи поддесувања во возење потребни за да се обезбеди соодветно ниво на тракција во зависност од условите и подлогата кои можат да бидат различни во секоја секција од брзинските испити. Предниот и задниот диференцијал се механички

Суспензијата е поддесива во сите правци, вклучувајќи го и местењето по висина приоритет на релијата што се возат на чакал. На секое тркало е поставена опружна нога тип Мекферсон која обезбедува издржливост и одлични возни карактеристики.

Сопирачките традиционално ги обезбедува AP Racing во две спецификации. Една за на асфалт и една за на чакал. За асфалт се користат вентилирачки дискови со пречник од 378 mm напред кои ги зафаќаат осум клипни сопирачки клешти. Задните се вентилирачки дискови од 310 mm со шест клипни сопирачки клешти. За чакал се користат вентилирачки дискови со пречник од 310 mm исто така со шест клипни сопирачки клешти.

Во зависност од спецификацијата асфалт/чакал различнa е и големината на тркалата. Леснометалните бандажи ги испорачува BBS со дијаметар од 18 инчи за на асфалт и 15 инчи за на чакал и обуени се во гуми со соодветни димензии производ на Pirelli.

Impreza WRC 2008 тежи 1.230 kg што е минимална тежина пропишана за WRC World Rally Car или светски рели автомобил според техничките правила на FIA.


 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook