Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Subaru Impreza WRX STI Група N
27.10.2007
subaru-impreza-wrx-sti-grupИако Subaru и ја претстави на јавноста Impreza WRX STI, деталите за новиот рели автомобил од Група N веќе се познати. Новиот STI Група N ќе се бори со својот ривал Evo X Група N.

Направен за да се натпреварува во класата на продукциски автомобили или Група N, новиот рели автомобил на Subaru сега оди на проверка на спецификацијата во FIA, а по одобрување на автомобилот и давање на хомологација на 1 јануари 2008, STI Група N ќе биде подготвен за продажба на тркачките тимови.

Сезоната 2008 во Група N ќе биде вистински тест за вистинските способности на автомобилот кој од 2.0 литарскиот боксер со помош на турбополнач остварува максимални 308 коњски сили при 6.400 вртежи.

Максималниот вртежен момент изнесува 422 Nm при 4.400 вртежи кои на подлогата се пренесуваат преку шест степен манеуелен менувач и новиот погон на четири тркала наречен SI Drive со три модуси на работа и Driver Controlled Center Diferential (DCCD) или централен диференцијал контролиран од возачот кој благодарение на компјутеризираната контрола нуди неограничен број на пренсони комбинации во зависност од условите.

Дистрибуцијата на тежина е подобрена во однос на претходникот, скусен е задниот превис, а спуштено е и тежиштето на автомобилот. Сето ова ги подобрува возните својства на автомобилот кој е базиран на јапонската спецификација на STI.

Subaru Impreza WRX STI Група N мери 4.415 милиметри во должина, 1.795 во ширина и висок е 1.475 милиметри. Меѓуоскиното растојание изнесува 2.625 милимтери, а тежи 1.47 килограми и има резервоар од 60 литри.

Забрзувањето до 100 km/h и максималната брзина не се познати. За сопирање се задолжени четири самовентилирачки и бушени дискови, а гумите и бандажите подлежат на спецификациите што ги одредува FIA во зависност од подлогата на која се вози. Односно за на макадам се предвидени тркала од 15 инчи, а за на асфалт од 17 инчи.

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook