|
Од Subaru пристигнува информација во која се вели дека јапонскиот производител во март на претстојниот автомобилски салон во Женева ќе претстави нов кросовер направен на основата на Impreza.

Работниот назив на кросоверот е Impreza VX и според производителот ќе има нова предна маска, светла и браник со кои ќе се разликува од Impreza, а ќе носи и надувани крила и нагласени арки над тркалата.
Понатаму Impreza VX стандардно ќе биде опремена со кровни шини и нов спојлер на кровот. Сите овие измени треба да му дадат посебен лик на новиот кросовер кој иако направен на основата на Impreza ќе биде различен.
Под хаубата на почеток ќе работи 2.0 литарскиот турбо дизел боксер DX кој ги задоволува еколошките норми Euro 5. Природната избалансираност на боксер моторот не бара контра ротирачки осовини заради урамнотежување на вибрациите како што бараат редните и моторите со V распоред на цилиндрите.
Бидејќи боксер моторот е природно урамнотежен и не се користат балансирачки осовини условува намалување на инерционите моменти и коефициентот на триење внатре во самиот мотор.
Резултат од сето ова се подобри перформанси на моторот. Повисока моќност и вртежен момент и пониска потрошувачка и со тоа штетни издувни гасови посебно СО2.
Моторот е врзан со системот на Subaru за погон на четири тркала кој исто така има пониски отпори и намален коефициент на триење, а со овие карактеристики се гордее и олеснетата менувачка кутија со шест степени на пренос.
Понатаму во новиот кросовер ќе се вградуваат и бензинските мотори кои во моментот работат во Impreza. Но, од Subaru предвидуваат дека најголем дел од продажбата ќе му припадне токму на дизелот.
Покрај кросоверот на база на Impreza во Женева Subaru ќе претстави и концепт на хибрид наречен Hybrid Sports Tourer и спортски електромобил Stella чија продажба стартуваше во Јапонија.
|