Get Adobe Flash player
Супер автомобил од Шпанија
04.07.2007
sunred-1Шпанската компанија за мотоспорт Sunred развива нов тркач за во шампионатот на FIA GT1, кој воедно ќе биде произведен во лимитирана серија од 10 автомобили заради хомологација.

Прототипот беше претставен неодамна на салонот на автомобили во Барселона каде е и потврдено дека автомобилот ќе влезе во производство следната година.

Означен како SR08 овој супер автомобил од Sunred има монокок шасија изработена од карбон и бележи 5 метри во должина и само 105 сантиметри во висина. Суспензијата е дело на Ohlins и се мести по сите параметри, а за сопирање се грижат карбон-керамички дискови со пречник од 380 mm и сопирачки клеши со по шест клипови.

Sunred SR08 ќе го задвижува моќен V10 со 500 КС кој му дава на автомобилот сооднос моќност-тежина од 2,2 kg/КС. Забрзувањето до 100 km/h трае само 3,5 секунди, а максималната брзина се проценува на 300 km/h.

sunred-2sunred-3sunred-4

 

 

 

sunred-5sunred-6sunred-7

 

 

 

Facebook