Приказната е интересна и личи на филмско остварување.
Двајца автомобилски ентузијасти од Беверли Хилс, Калифорнија работат на прототип
со нулта емисија на издувни гасови.
Автомобилот од приказните е наречен RORMaxx
Formula AE, а првиот прототип ќе го здогледа светлото на денот веќе
во август годинава со што паралелно ќе стартува и тест програмата.
Зошто олку чудно име? Затоа што зад проектот стојат
двајца пријатели Рори Хендел и Макс Бриклајнс кои тврдат дека во моментот кога RORMaxx
Formula AE ќе биде подготвена за сериско производство ќе биде
способна да ги катапултира возачот и совозачот до 100 km/h за помалку
од 4 секунди, а потоа да достигне максимална брзина од преку 320 km/h.
Импресивно нели. Но, да видиме за што станува збор.
Автомобилот во основа вози на електрична енергија и максималната брзина ќе може
да се оствари само кога батериите ќе бидат наполнети максимално.
RORMaxx Formula AE ќе користи батерии
кои се напојуваат од сончева енергија преку соларни панели, но откако
автомобилот иницијално ќе се задвижи воздухот што струи околу каросеријата
ќе врти една турбина врзана со генератор кој ќе создава електрична енергија.
Formula AE има доводи за воздух кои го
насочуваат струењето директно кон турбината. Генерираната електрична енергија ќе
биде сочувана во неколку кондензатори со голем капацитет и во комбинација со
електричната енергија од батериите напојувани од фотоволтаичните ќелии
поставени на кровот ќе го задвижува автомобилот.
Според информацијата добиена од конструкторите батериите
на RORMaxx Formula AE ќе бидат комплетно наполнети по само час и половина
изложување на сонце. Прилично брзо би рекле, но за Рори и Макс ниту ова не е
доволно, бидејќи тие веќе работат на батерија која ќе биде во состојба целосно
да се наполни за само 6 минути.
Сета оваа скалдирана електрична енергија ќе биде
испратена до електричниот мотор со моќност од 284 коњски сили кој ќе го
задвижува RORMaxx Formula AE.
За да можат да се остварат ветените перформанси
автомобилот ќе мора да има неверојатно лесна конструкција. Шасијата ќе биде
комплетно изработена од алуминиум зацврстен со карбон-фибер, а од карбон-фибер ќе
бидат изработени и панелите за каросеријата.
Доколку RORMaxx Formula AE некогаш влезе во
производство проектантите Рори и Макс се надеваат дека првенствено ќе се
користи за на тркачка патека, а ќе ја купуваат клиенти со високо развиена
еколошка свест. На ова би додале и длабок џеб.
Финансиите потребни за развој на проектот RORMaxx
Formula AE доаѓаат од голема нафтена кропорација која сака да
остане анонимна.
Доколку се тече според планот првите фотографии од RORMaxx
Formula AE ќе можеме да ги видиме на лето.
|