Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Супер електромобил од Австралија
10.11.2011

Напредокот на електричните автомобили оди прилично брзо. Тие веќе можат да им парираат и на суперспортските автомобили со класичен погон, а најнов доказ е австралискиот Varley evR450.

varley-ev-r450-1-2011-1

Компанијата Varley Electric Vehicles го создаде прототипот evR450 еден егзотичен автомобил со електричен погон кој во целост е создаден со користење на технологија и техника која е дело на австралиски добавувачи.

Овој се австралиски суперелектромобил е способен да ги катапултира двајцата патници од место до 100 km/h за 3,8 секунди, додека максималната брзина заради зачувување на батериите е ограничена на 210 km/h.

Varley evR450 се нуди со два пакета на батерии, стандарден со кого автономијата изнесува 150 километри и дополнителен пакет батерии со чија помош автономијата се зголемува на сериозни 300 километри.

Батериите се литиум-јонски и имаат задача да напојуваат два електромотори кои се дело на австралиската компанија Aussie Ultramotive. Техничките податоци кои се однесуваат на електромоторите се чуваат во тајна.

Она што се знае е дека секој од нив остварува моќност од 200 КС, а отровните перформанси на автомобилот се должат и на лесната конструкција од елементи изработени од јаглеродни влакна.

Проектот на Varley нема да заврши како прототип, туку како сериски производ чие производство е закажано за следната година. Производството ќе биде рачно, а цената стартува од 215.000 австралиски долари.

 

Поврзани статии

Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook