Get Adobe Flash player
Суперавтомобил од Honda е извесен
17.03.2010

Пред самиот крај на минатата година го претставивме тркачкиот автомобил на Honda моделот HSV-10 GT којшто е специјално подготвен за најпопуларната јапонска тркачка серија Super GT.

honda-nsx-2010-1

Тркачката Honda HSV-10 GT ја користи шасијата која првично беше развиена за наследникот на NSX проект од кого Honda минатата година се откажа заради лошите економски услови кои владееја на глобално ниво.

Но, очигледно како се менуваат финансисите се менуваат и плановите поради што се чини дека проектот од кого треба да произлезе новата генерација на NSX се враќа на дневен ред во развојниот оддел на Honda.

За да не се оди предалеку со трошењето пари во Honda одлучиле наследникот на NSX да биде модификуваниот и за на пат подготвен тркачки модел HSV-10 GT.

Секако возачот и совозачот ќе уживаат во кабина со повеќе простор и луксуз отколку актуелните тркачи, а бидејќи автомобилот ќе вози во редовниот сообраќај одвоен е и простор за багаж што кај тркачот неможе ниту да се замисли.

Измени ќе има и кај моторот. Имено постоечкиот 3.4 литарски V8 со 600 КС којшто заради правилата на серијата Super GT има ограничена моќност на 500 КС ќе биде заменет со најавуваниот 5.0 литарски V10 исто така со моќност од 500 КС.

Во Honda сеуште официјално не го потврдуваат појавувањето на наследникот на NSX, но внатрешни извори наведуваат дека првите тестни мулиња маскирани како тркачкиот автомобил HSV-10 GT веќе возат на патеките низ Јапонија и на повеќе скришни локации ширум светот.

Според наводите на неофицијалниот извод од Honda продукцијата на новиот суперспортски автомобил треба да стартува на почетокот на следната година, а првите примероци би биле испорачани кон средина на 2011.

За сега нема прецизни наводи за дизајнот на новиот NSX, но ако ги следи дизајнерските смерници на тркачкиот HSV-10 GT тогаш би требало да личи како компјутерски генерираната фотографија претставена во галеријата.

 

 

 

Facebook