|
15.06.2007 |
Порано егзотичните автомобили од Европа бележеа најголема
продажба во САД, но денес се повеќе ексклузивни спортисти завршуваат во
пустините на Средниот Исток.
Најчести дестинации се Обединeтите Арапски Емирати и
Саудиска Арабија. Побарувачката за европскиот брз луксуз бележи голем раст во
регионот, а некои дилери пријавуваат скок од преку 100 проценти.
Големата побарувачка јава на на грбот на високите цени на
нафтата, силниот економски раст и зголемената популарност на Формула 1. Ferrari на пример
ја зголеми продажбата во ОАЕ за 120 проценти, а истата приказна ја кажуваат и Lamborghini,
Aston Martin и Porsche.
Всушност 50 проценти од Aston Martin сега е
арапска инвестиција и планира да се шири во Бахреин со градење на нови салони.
Најважната забелешка за средно-источниот пазар е што поголемиот број на
купувачи се жени. Претставникот на Aston Martin за Среден Исток,
Ема Хамилтон коментира: „Кувајт е најголемиот пазар за Aston и исто
така најголем процент од купувачите се жени.”
Ова е приказната која како ехо се пренесува на сите
производители на егзотика. Германскиот Ruf гради
погон во Бахреин кој ќе го чини 20 милиони долари. И приказната се повторува со
Кувајт како најголем пазар и највеќе купувачи од понежниот пол.
|