|
21.12.2007 |
По најавите дека новиот SUV на Mini би можел
да го добие името Monte или Colorado, извршниот директор на компанијата Кеј Сеглер
ги отфрли гласините и обзнани дека Mini SUV ќе го носи
името Crossman.
Целта е да се продолжи со традицијата сите верзии на Mini да носат
имиња кои почнуваат на буквата С. Мекиот теренец треба да пристигне на пазарот
во 2010.
Исто така потврдено е дека моделот ќе се произведува
во погоните на Magna Steyr во Австрија од каде ќе излегуваат по 45.000 единици
годишно и со погон само на предни и со погон на четири тркала.
Се очекува годинава Mini да оствари
рекорден профит кој ќе биде уште оголем со големата листа на купувачи кои
чекаат на новиот Clubman. И покрај долгите листи на чекање Сеглар очекува во 2008
производството да се зголеми од 220.000 на 240.000 автомобили.
|