|
18.08.2008 |
Новата генерација на популарниот малечок автомобил на Suzuki,
Alto се подготвува да ја доживее светската премиера на есен на салонот за
автомобили во Париз.
Alto ќе биде главен ривал на тројката Toyota Aygo, Peugeot
107, Citroen С1, а главен адут за превласт во класата е екстензивното познавање
и искуство на Suzuki во создавање на мали автомобили.
Дизајнерите на Suzuki се
потрудиле да креираат млaдешки лик кој зрачи со стил, но во себе носи и спортска
нота пресудна за освојување на срцата на купувачите. Пред се на помладите и
припадничките на понежниот пол.
Солидноста во изработката карактеристична за Suzuki,
малата тежина и нискиот коефициент на отпор на воздух, ниската потрошувачка
и емисијата на издувни гасови го ставаат Alto во прв
план кога станува збор за избор на градски автомобил.
Се очекува Alto да се појави на
пазарот дури на пролет 2009 и во Европа ќе стартува со цена од околу 7.000
евра.
|