Get Adobe Flash player
Suzuki го претстави новиот Swift
11.06.2010

Suzuki на затворена презентација наменета за дилерите ја прикажа новата генерација на Swift и ги објави првите официјални податоци и фотографии најавувајќи еволутивна револуција.

suzuki-swift-2010-1

Одличните продажни резултати на актуелниот модел ги натера дизајнерите да ги следат веќе зададените смерници и да не го менуваат дизајнот од корен. Па така промените во дизајнот не се радикални и претставуваат еден вид освежување на моделот.

Она што може да се забележи од двете официјални фотографии кои за сега ги открива Suzuki се новите предни светла, маска и браник. Тука е и новиот облик и оптика на задните светла, но измените не се јасни и може само да се наѕре што се случува одзади.

Се забележува и нов облик на линијата во подножјето на стаклата која кај задното стакло завршува со благ лак место остро отсекување како кај актуелниот модел. Измени се најавени и во ентериерот, но тој за сега се сокрива.

Она што е најважно за новата генерација на Swift е што тој не претставува само фејслифт на актуелниот модел туку станува збор за сосема нова конструкција поставена на помодерна и поголема платформа.

Новиот Swift е подолг за 90 mm и има поголемо меѓуоскино растојание за 50 mm. Поширок е за 5 mm и повисок за 10 mm. Има поширока трага за 10 mm напред и 5 mm назад. Или вкупни димензии:

Должина/ширина/висина 3.850/1.695/1510 mm. Меѓусокино растојание 2.430 mm, трага напред/назад 1.480/1.485 mm со леснометални банадажи од 16 инчи.

Актуелниот модел има должина/ширина/висина 3.760/1.690/1.500 mm. Меѓуоскино растојание 2.380 mm и трага напред/назад 1.470/1.480 mm.

Под хаубата ќе работи ново развиен бензинец од 1.2 литри со Dual VVT – варијабилно управување на всисните и издувните вентили. Бензинецот остварува 94 КС при 6.000 врт/мин што е повеќе од актуелниот 1.3 литарец. Подобрен е и вртежниот момен кој изнесува 118 Nm при 4.800 врт/мин.

Во просек со овој мотор Swift ќе троши 4,99 L/100 km што е подобрување од безмалку 1 литар во однос на актуелниот 1.3 литарец. Воедно емисијата на СО2 е намалена за 24 g/km во однос на 1.3 литарецот и изнесува 116 g/km.

Suzuki ќе го нуди Swift со два менувачи мануелен и автоматски, но за сега не се спомнуваат бројот на степени и кај едниот и кај другиот. Вториот мотор во понудата ќе биде 1.3 DDiS веќе познат од Fiat.

Истиот мотор работи и во актуелниот модел, но за кај новајлијата претрпува одредени измени и ќе се вградува од почетокот на 2011. Измените значат задоволување на Euro 5 и намалување на емисијата на СO2 од 119 g/km на 109 g/km и подобрување на потрошувачката.

Новиот турбо дизел во Swift во просек ќе троши 4,2 L/100 km што е подобро од просечната потрошувачка на актуелниот модел кој во просек троши 4,5 L/100 km.

Производството на новиот Swift како и на актуелниот модел ќе се одвива во погоните на Suzuki во Унгарија и на пазарот пристигнува на есен веднаш по премиерата на салонот во Париз.

Нов Suzuki Swift

Aктуелен Suzuki Swift

 

 

 

 

Facebook