Get Adobe Flash player
Suzuki Grand Vitara Urban
07.07.2010

Suzuki ја претстави новата верзија на својот теренец Grand Vitara која ќе го носи името Urban и е дел модернизацијата на моделот кого Suzuki го освежува и ќе го понуди како модел за 2011.

suzuki-grand-vitara-2010-1

Обновената Grand Vitara делува далеку помодерно од актуелната верзија. Дизајнерите на Suzuki успеале да ги задржат смерниците на дизајнот и воедно на робусното тело да му поклонат почисти линии кои како да го развлекуваат давајќи му доза на виткост.

Сепак, најголемата измена во дизајнот се сокрива кај верзијата Urban која повеќе нема да има резервно тркало обесено на задната врата. На негово место доаѓа регистерската табличка со хромирана лајсна озгора.

Вратата сеуште се отвора хоризонтално од лево кон десно, а резервното тркало го заменува кит за поправка со електрична пумпа. Ова значи дека сега Grand Vitara е покуса за 200 mm и дека помалата должина ќе овозможи полесно маневрирање низ град.

Измените не се однесуваат само на доработка на дизајнот. Новини има и кај моторите кои се модернизирани и сите ја задоволуваат нормата Euro 5 за емисија на издувни гасови.

Во понуда остануваат трите мотори турбо дизелот 1.9 DDiS со моќност од 129 КС и вртежен момент од 300 Nm, бензинецот од 2.4 литри со моќност од 168 КС и максимален вртежен момент од 227 Nm.

Истиот моторт во верзијата со три врати остварува моќност од 165 КС и максимален вртежен момент од 225 Nm. Најмалиот мотор, бензинецот од 1.6 литри VVT кој се вградува само во Grand Vitara со три врати остварува 106 КС и вртежен момент од максимални 145 Nm.

Интересно е што повеќе во понудата нема да го има 2.0 литарскиот бензинец, а се отстранува и најмоќниот бензинец V6 од 3.2 литари заради раскинувањето на соработката со General Motors.

Имено блокот на 3.2 литарецот своевремено е развиен во заедничка соработка меѓу Cadillac и Holden и на Suzuki му е даден на користење. Сега по склучување на договор со Volkswagen се очекува Suzuki да добие некој од четирицилнидричните и V6 бензинците на групацијата VW.

Во Европа Suzuki планира да стартува со продажба на обновената Grand Vitara на почетокот на есента.

 

 

 

Facebook