Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Suzuki Kizashi 3 концепт
21.03.2008
suzuki-kizashi-1.jpgТретиот по ред концепт на Suzuki од фамилијата Kizashi со кој јапонскиот производител има намера да влезе во сферата на луксузни автомобили беше претставен во Њујорк.

Агресивната предна маска и брaник и пространата хауба сокриваат 3.5 литарски шест цилиндричен бензинец во распоред V чии цилиндри однатре се обложени со специјален филм кој го намалува триењето, технологија позајмена од одделот за мотоцикли и од светот на трките, поточно од тимот во Moto GP.

Моќноста што ја остварува овој V6  се пренесува преку шест степен автоматски менувач со можност за рачно менување на степените преку палки зад воланот.

Мускулестиот стил го надополнуваат леснометалните бандажи со пречник од 21 инчи заедно со кренатиот задник со двоен издув и посебната сребрена метална боја која во Suzuki ја нарекуваат Kizashi Silver.

Интересно е што иако концепт Kizashi 3 уште сега може да биде изведен на улица и да вози. Планот е луксузниот седан да ја превзеде улогата на знаменосец во гамата на Suzuki и да стартува со производство во 2010.

За да ги потврди своите најави Suzuki направи микро интернет страна за Kizashi 3 каде може да се видат галерија, видео и спецификациите на автомобилот.


 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook