|
Suzuki за претстојниот автомобилски салон во Женава најавува дека ќе ја претстави верзијата наменета за европскиот пазар на својот прв голем седан Kizashi кој според нив е предвиден за успех.

Suzuki Kizashi во Европа влегува како автомобил од популарниот D сегмент каде треба да се бори со силната конкуренција во облик на Citroen C5, Ford Mondeo, Opel Insignia, Toyota Avensis и Volkswagen Passat.
Во информациите што доаѓаат од Suzuki стои дека во Европа Kizashi стандардно ќе се нуди со погон на четири тркала и дека за сега за европскиот пазар не се предвидува верзија само со погон на една оска.
На старт ќе се нуди само атмосферски бензинец со зафатнина од 2.4 литри, а истиот мотор се нуди и за пазарите во Северна Америка. Моторот остварува 185 КС, но само во верзијата која е спарена со 6 степен мануелен менувач.
Верзијата која снагата до сите четири тркала ја пренесува преку континуиран менувач CVT нуди 178 КС. Снагата велат од Suzuki е намалена заради ограничувања во безстепената менувачка кутија и обезбедување на поголема издржливост и надежност.
Плановите на Suzuki опфаќаат и вградување на помоќен V6 бензинец кој во Kizashi би требало да стигне подоцна, во план е и хибридна верзија за која не се знае дали би пристигнала во Европа.
Секако оваа моторна комбинација е помалку погодна за во Европа каде голем удел во пазарниот сегмент кај што настапува Kizashi имаат дизелите.
Меѓутоа новото партнерство со групата Volkswagen би требало на Suzuki да му овозможи пристап до квалитетни дизели кои за во Европа ќе работат под хаубата на Kizashi.
Најавите на Suzuki за во Женева не се однесуваат само на Kizashi. Во планот на компанијата стои претставување на хибридна верзија на Swift и нови верзии на актуелната Grand Vitara.
|