Get Adobe Flash player
Suzuki ќе гради фабрика во Русија
13.06.2007
suzukiSuzuki вложи 90 милиони евра во изградба на нова автомобилска фабрика во Русија. Производствените погони ќе се подигнат на локација со површина од 243 000 метри квадратни во близина на Санкт Петерсбург.


Со оваа инвестиција јапонската марка реагира на растечкито интерес за нови автомобили на рускиот пазар. Фабриката се очекува да биде изградена на крајот на 2009 година и ќе вработува 500 лица. Од погоните ќе излегуваат Grand Vitara и SX4. За првата година на производство се планирани 5000 возила, а на подолг рок се планираат 30 000 возила. Во минатата година Suzuki  продаде околу 16 000 возила во Русија, преку триесетте дилери на марката.
 

Поврзани статии

 

 

Facebook