|
07.07.2008 |
Suzuki го подготвува својот SX4-FCV кој место
фосилно гориво за погон ќе користи водород потребен за работа на горивните
ќелии кои пак произведуваат електрична струја за електромоторите.
Проектот доби зелено светло и тестирањето започна. Зелениот автомобил на Suzuki се најде на улиците подготвувајќи се да ја дочека
иднината.
Ниту помалку, ниту повеќе проектот SX4-FCV
го одобри јапонската влада. Тој е поставен на основата на мекиот теренец на
Suzuki SX4 и користи високо перформансни горивни ќелии кои ги
испорачува General Motors.
Потрошувачката е следна: SX4-FCV може да помине повеќе од 110 километри со
резервоар водород, но колкав е волуменот на резервоарот во Suzuki
сеуште не откриваат.
Важно за проектот SX4-FCV е што
покрај зелената техника за задвижување се користат и кондензатори кои ја
собираат електричната енергија која се добива при сопирање или забавување и
потоа ја враќаат при забрзување.
Во Suzuki се фалат дека SX4-FCV има далеку подобри
перформанси од сите претходни проекти на компанијата и се надеваат дека
проектот во блиска иднина ќе заживее и во серија.
|