Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Suzuki Splash заедно со Opel Agila во Франкфурт
14.05.2007
17336На студијата и се одушевувавме на Париз 2006, а во овој септември во Франкфурт веќе ќе се појави сериската верзија на Splash. Техниката на возилото е идентична со новата Opel Agila, која исто така дебитира на ИАА.


За разлика од претходникот Wagon R+ новакот оди на многу позаоблени форми. Малечкото возило ќе се произведува во Унгарија, со дизајн посебно дотеран според европскиот вкус. Продажбата стартува следната пролет.

Безбедносната опрема е комплетна со шест воздушни перници и со ЕЅР. Splash ги вози патниците во релативно висока каросерија (1,6 метри) која се базира врз плафтормата од Suzuki Swift. Со должина од 3,7 метри и ширина од 1,7 метри нуди простор за пет патници.

17337 Splash ќе се продава со два бензински мотора: еднолитарски трицилиндарец со 65 КС и 1,2-литарски четирицилиндарец со 86 КС. Дизелскиот мотор е познатиот од Fiat со 1,3 литри зафатнина и сила од 75 КС. Suzuki планира годишно да произведува по 60.000 единици од возилото за европскиот пазар.

 

Поврзани статии

Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook