|
Rolls Royce годинава бележи неверојатен раст на продажбата и во првите пет месеци забележа 678 продадени автомобили што е повеќе од половина од минатогодишните 1.000 примероци.

Од компанијата која ја претставува британската национална гордост истакнуваат дека е забележан раст од 146% во однос на истиот период лани. Ова се неверојатни бројки велат од Rolls Roycе во споредба со падот на продажба од 17% во 2009 година.
Големиот раст на продажба годинава најмногу се должи на новиот модел Rolls Royce Ghost кој што стартуваше се продажба во декември минтата година и има значително пониска цена од традиционалните модели на марката.
Споредбите на сумите што треба да се издвојат за Ghost и за моделите од серијата Phantom јасно даваат на занење зоштo новиот малечок Rolls Royce оди како алва.
Имено неговата цена стартува од малку над 200.000 евра секако без давачки и без посебни желби на клиентот. Од друга страна почетната цена на четирите верзии на Phantom варира меѓу 310.000 и 370.000 евра без давачки.
Тому поради Ghost шефот на Rolls Royce, Торстен Мулер-Отвос истакна дека годинава очекуваат продажбата да ја надмина бројката од 2.000 автомобили што никогаш претходно се нема случено во историјата на традиционалната компанија.
Според Торстен со Ghost, Rolls Royce минува во нова фаза на развој како компанија и нов начин на разбирање на автомобилскот бизнис. Токму затоа очекуваат најголем раст на продажбата во Кина каде комапанијата веќе има отоворено 7 дилерски центри и работи на проширување на дилерската мрежа.
Воедно се очекува дека годинава продажбата во Кина за прв пат ќе ја надмина продажбата на Rolls Royce на домашниот британски пазар кој традиционално, барем до сега, беше најголем за компанијата истакнува Торстен.
|