Get Adobe Flash player
Светска предпремиера на Fiat 500C
19.02.2009
fiat-500-cabrio-1.jpgРоден е новиот кабриолет на Fiat кој постои за да предизвика возбуда и уникатно и возвишено возачко доживување производ на единствениот италијански дизајнерски дух.

Во живо светската јавност за првпат ќе го види Fiat 500C на претстојниот салон во Женева пред малечкиот кабиролет да пристигне во прoдажните салони на пролет.

До тогаш остануваат официјалните фотографии на Fiat. 500 кабрио ги евоцира спомените на оригиналното отворено автомобилче од 1957 со имплементирање на современиот начин на градба на автомобили.

Иновативниот и оригинален мек склоплив кров дозволува отворен поглед кон небото, воедно вкомпонирува современи инженерски елементи како стаклен прозорец во полна големина, вградено трето стоп светло и електрично отворање и затворање.

Платнениот кров стои на располагање во три бои. Боја на слонова коска, црвена и црна боја. Секоја ќе биде комбинирана со соодветна боја на автомобилот. Дополнително дизајнерите создале две уникатни бои за 500С, Brilliant Pearl Red - брилијантна бисерно црвена боја и Warm Grey - топла сива боја. И двете типични за суперспортските автомобили.

Благодарение на комбинирањето на мек склоплив кров кој лизга во постоечката носечка рамка на покривот, Fiat 500C нуди безгрижно возење во било кој период од годината. Специјалната конструкција на кровот со нови материјали за изолација не дозволува одведување на топлината зиме и воедно ја штити внатрешноста од горештини лете.

Без оглед на склопливиот кров Fiat 500C нуди подеднакво простор во кабината и во багажникот како и обичниот 500.

Кабриолетот ги задржува димензиите и моторите како и затворената верзија на Fiat 500. Значи 3,55 m должина, 1,65 m ширина и 1,49 m висина. И под хаубата бензинци од 1.2 и 1.4 литри со 69 КС и 100 КС и трубо дизел од 1.3 литри со 75 коњски сили.

Снагата се пренесува на предните тркала преку мануелен или роботизиран менувач наречен Dualogiс, плус на располагање е и старт/стоп систем кој како и останатите слични системи го гаси моторот кога менувачот ќе се стави во лер и ќе се отпушти спојката, и повторно го стартува кога ќе се стави во брзина.

Перформансите и потрошувачката би требало да останат на ниво на затворениот 500, но само кога се вози со затворен кров. Кога платнениот кров е спуштен отпорот на воздух си го прави своето.

За цената сеуште не станало збор. Таа ќе се знае пред комерцијализацијата на 500С. Со други зборови, ќе биде поскап од 500, но колку?


 

 

 

Facebook